Оцет од 100 % органско овошје, филозофија на здрав живот Квалитетните 100% чисти овошни оцети се произведуваат од свежо, здраво квалитетно овошје и се добиваат со ферментација и оксидација на алкохолот и шеќерот во сокот од свежото овошје. Овој оцет покрај киселиот вкус ги содржи бојата, мирисот, вкусот и хранливите својства на овошјето од кое е направен. Талентираните производители на оцет успешно ги комбинираат традиционалните и високотехнолошките методи. Нашите 100% чисти природни оцети се особено вредни за човечкото тело, бидејќи се произведуваат внимателно и природно. Високиот квалитет овој оцет првенствено го добива од свежото овошје од кое е произведен. Има овошни оцети кои се направени од концентрат сок. Тие ги немаат карактеристиките на оцетите направени од свежо овошје, иако мирисаат на јапонско јаболко, слива, кајсија, јаболко..., но се евтини. Евтиниот оцет се произведува со трансформација на етил алкохол од земјоделско потекло. За нашето непце овој оцет е само кисел и толку. 100% чистите природни оцети од јапонско јаболо, слива и кајсија имаат посебна моќ врз здравјето на човекот. Ефектот на оцетот врз човечкиот организам е подеднакво разноврсен како и неговата примена. Делуваат освежувачки и адстрингентно. Помагаат за разлагање на мастите и јагленохидратите, за чистење на крвните садови и ќе ви помогнат да добиете брилијантен и здрав изглед. Лесната киселост и содржината на минерални соли се совршени за чистење на кожата. |